21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБербатов во Астон Вила, Мори во Евертон

Бербатов во Астон Вила, Мори во Евертон

berbatov monako

Англиските премиерлигаши се активни на фудбалскиот пазар во последните неколку часови од преодниот рок, кој во Англија трае до 18 часот.

Астон Вила го засили нападот со искусниот Бугарин Димитар Бербатов, откако претходно менаџерот Тим Шервуд не успеа да го реализира трансферот на Емануел Адебајор кој е вишок во Тотенхем.

До крајот на преодниот рок Вила ќе се обиде да го ангажира Џулиен Лескот од градскиот ривал ВБА. Цената на Лескот е околу еден милион фунти, тој не е во плановите на менаџерот на ВБА, откако во тимот од Манчестер Јунајтед пристигна Џони Еванс.

За Адебајор интерес покажува Вест Хем, кој во понеделникот нападот го засили со Никица Јелавиќ од Хал. Исто така Вест Хем повторно од Барселона го позајми Алекс Сонг. Камерунецот втора сезона како отстапен играч ќе настапува на „Аптон Парк“, а на крајот од сезоната Вест Хем ќе може да го откупи неговиот договор.

Евертон ја засили дефанзивата со Аргентинецот Рамиро Фунес Мори. Трансферот на Мори од Ривер Плејт во Евертон изнесува шест милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП