26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMarca: Пропадна трансферот на Де Хеа во Реал

Marca: Пропадна трансферот на Де Хеа во Реал

1441039254_extras_noticia_foton_7_1

Шпанскиот репрезентативец Давид Де Хеа сепак во овој преоден рок нема да се пресели во редовите на Реал Мадрид, откако неуспешно заврши обидот за негов трансфер од Манчестер Јунајтед.

Весникот Marca, кој секогаше е добро информиран за случувањата во ‘кралскиот клуб’, на својата интернет страница објави дека документите на Де Хеа не пристигнале на време и поради тоа овој трансфер не може да биде заклучен.

Истата информација ја пренесе и новинарот Гилијем Балаг, тој пишува дека документацијата за Де Хеа не пристигнала навреме во Шпанскиот фудбалски сојуз и дека поради тоа трансферот пропаднал.

Инаку, како што претходно информираа шпанските и англиските медиуми Реал за Де Хеа требало да плати помеѓу 30 и 35 милиони фунти и во Манчестер Јунајтед да го испрати Костариканецот Кејлор Навас.

Навас во понеделникот вечерта пристигнал на прегледи во Карингтон, откако претходно добил гаранции дека ќе биде прв голман. Англичаните тврдат дека иако трансферот на Де Хеа пропаднал сепак постојат шанси Навас сепак да потпише за Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП