12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Крај за Нишикори и Ивановиќ

УС Опен: Крај за Нишикори и Ивановиќ

нисикори

Првиот ден на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен, донесе по едно големо изненадување на машкиот и женскиот дел од турнирот.

Кај тенисерите турнирот во првото коло го заврши минатогодишниот финалист и четврти носител, Јапонецот Кеи Нишикори, додека кај тенисерките е елиминирана седмата фаворитка – Ана Ивановиќ.

Нишикори меѓу гледачите го испрати Беноа Пер. Маратонскиот меч кој траеше повеќе од четири часа Бер го доби во пет сета со 6:4, 3:6, 4:6, 7:6, 6:4. Јапонецот во тај брејкот од четвртиот сет не успеа да реализира две меч топки на свој сервис.

Во второто коло Пер ќе игра против Марсел Илхан, кој го победи ветеранот Радек Штепанек.

Ана Ивановиќ, која го отвори женскиот дел од турнирот, против Доминика Цибулкова одигра меч со многу осцилации и на крајот заслужено беше поразена.

Цибулкова против седмата носителка славеше со 6:3, 3:6, 6:3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП