2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ: Се фокусираме на Луксембург

Друловиќ: Се фокусираме на Луксембург

фудбалери-репрезентација

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург односно Шпанија.

Македонија на 5-ти септември ќе гостува во Луксембург, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречека Шпанија. Селекторот Љубинко Друловиќ за овие две средби повика 22-ца фудбалери, од првичниот список, поради повреда отпадна напаѓачот Јован Костоски, на негово место е повикан Крсте Велкоски, а Друловиќ реши да повика и трет голман, тоа е Даниел Божиновски.

„Нашиот фокус е репрезентацијата на Луксембург по која подготвени ќе го дочекаме европскиот првак Шпанија. Ја анализираме противничката екипа и ги упатувам момците во она што ги очекува на тој меч. Треба да покажеме голем карактер, да бидеме сериозни, професионални и тактички дисциплинирани. Репрезентацијата на Луксембург напредуваше многу во последните години и во секој поглед ова ќе биде тежок натпревар“, рече предводникот на националниот тим.

„Сите мои играчи во моментов се здрави и во добра кондиција. Верувам дека ќе издвојуваме победа против Луксембург, а потоа ќе имаме два дена да се закрепнеме и да дадеме максимум со репрезентацијата на Шпанија. Играме на домашен терен, и убедени сме дека со поддршка на публиката секој од играчите ќе може да дојде до израз. Се разбира дека Шпанија е голем фаворит, не само за нас, но во овој момент не смееме да го изгубиме фокусот. А во основа, во фудбалот не победуваат секогаш фаворитите“, дополни Друловиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП