20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООд денес замена на влезниците за мечот со Шпанија купени онлајн

Од денес замена на влезниците за мечот со Шпанија купени онлајн

замена-влезници

Замената на купените онлајн влезнции за натпреварот фудбалскиот натпревар Македонија – Шпанија ќе може се врши на билетарницата во Арена Филип II со работно време од 12 до 20 часот од вторникот 1-ви до 8-ми септември, најдоцна два часа пред почетокот на натпреварот.

Организаторите препорачуваат сите што имаат купено онлајн билети да ги заменат најдоцна еден ден пред денот на одигрувањето на натпреварот, односно 7-ми септември, поради големиот интерес и избегнувањето на незадоволства.

Фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациската група Ц за претстојното европско првенство се наоѓа на претпоследното место со само една победа и пет порази. До крајот на циклусот Друловиќ и неговите избранци ќе играат во Луксембург (5.септември), против Шпанија во Скопје (8.септември) и Украина (9.октомври) и во Белорусија (12.септември).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП