28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак деветто засилување за ФК Вардар

Новак деветто засилување за ФК Вардар

novak-vardar

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар, донесе уште еден играч во своите редови. Украинецот Евгениј Новак (26) со Вардар потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.

Новак во подготвителниот период беше на проба во Вардар кога тимот беше во Австрија, така што нема да му биде потребен период за адаптација.

Најголем дел од досегашната кариера Новак минал во Динамо Киев, во втората екипа, а има играно и за Севастопол и Волин.

Новак е деветто засилување на Вардар во овој преоден рок. Претходно на тимот му пристапија голманот Филип Гачевски, потоа Немања Мијушковиќ, Дарко Велковски, Владица Брдаровски, Бобан Николов, Хуан Фелипе, Ацо Стојков и Цезар Ромеро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП