27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ(Citroen) DS4: Редизајн и нова верзија за сите терени (фото)

(Citroen) DS4: Редизајн и нова верзија за сите терени (фото)

c ds

Следејќи го примерот на „DS5“, и моделот „DS4“ доби нова маска, ладилник, браник и фарови, а понудата за 2016-та година е збогатена со посебната „Crossback“ верзија со повисоко тло.

Издвоен од марката „Citroen“, брендот „DS“ полека гради сопствен визуелен идентитет.

c ds1

Тоа подразбира и дека сите нови и освежени модели треба да добијат нова решетка за ладилникот со амблем „DS“, наместо знакот на „Citroen“.

Што се однесува на моделот „DS4“, купувачите во иднина на располагање ќе имаат и поголем избор на надворешна боја и две нови двобојни варијанти.

c ds2

На тој начин, понудата на можни комбинации на нијанси на екстериерот е зголемена на 38.

Сепак, најважната промена се однесува на воведувањето на потполно новата верзија „DS4 Crossback“.

c ds3

Во споредба со регуларниот модел, „Crossback“ има за 30 mm зголемен систем на потпирање, што би требало на возачите да им овозможи помалку страв за да го напуштат асвалтот.

Како што е вообичаено за овој тип на возила, на долниот дел на каросеријата вградени се и заштитни елементи кои треба да спречат ситни гребнатинки и слични помали физички оштетувања при теренско возење.

c ds4

„DS4 Crossback“ визуелно се разликува и по црниот кровен спојлер и црното куќиште на ретровизорите, како и по кровните шини.

Двете верзии на редизајнираниот модел „DS4“ ќе имаат широка понуда на мотори.

c ds5

Бензинецот „PureTech 130 S&S“ располага со 130 ks и 230 Nm, што според произведувачот е зголемување од 9% кога станува збор за силата и 44% повеќе кога е во прашање максималниот вртежен момент (во споредба со моторот „VTi 120“).

Следува, „THP 165 S&S“, кој произведува 165 „коњски сили“ и 240 Nm, а силата на тркалата се пренесува со помош на новиот шестбрзински автоматик.

На врвот на понудата на бензинци за прв пат се наоѓа „THP 210 S&S“ со 210 ks и 285 Nm, но овој мотор не е достапен за моделот „Crossback“.

c ds6

Што се однесува до дизелите, понудата ја отвора „BlueHDi 120 S&S“, кој е на располагање со шестстепен мануелен или шестбрзински автоматски менувач.

За оние, на кои тоа им е малку, можат да изберат „Blue HDi 150 S&S“ со 150 ks и 370 Nm или „BlueHDi 180 S&S“ со 180 ks и 400 Nm. Првиот е поврзан со мануелен, а вториот со автоматски менувач.

Редизајнираните „DS4“ и „DS4 Crossback“ ќе имаат премира во средината на септември, а на пазарот ќе стигнат на есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП