28 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед панично купува во последниот ден

Јунајтед панично купува во последниот ден

mirae

Манчестер Јунајтед би можел во последниот ден од преодниот рок да направи неочекуван трансфер.

Луј ван Гал малку панично бара засилување во нападот, а најверојатно за тоа е подготвен да одвои 50 милиони евра.

Меѓутоа, тие пари не се наменети за купување на една веќе докажана ѕвезда, туку за 19-годишниот Антонио Мартиал.

Неспорен е квалитетот на напаѓачот на Монако, но неговите девет голови во Лига 1 во минатата сезона не му гарантираат погодоци на Јунајтед во борбата за титулата во Премиер лигата, како и во Лигата на шампионите.

Но, очајната завршница на тимот во првите три кола од Премиер лигата, каде „црвените ѓаволи“ постигнаа само три погодоци, го натераа Ван Гал на очајнички потег, и покрај изјавата дека нема да има панични трансфери.

„Нема да купиме ниту еден играч пред да биде анализиран. Мораме да продолжиме да работиме, а во јануари е нов преоден рок. Тоа е процесот и неможе да се промени. Не зависиш од само еден фудбалер, туку од целиот тим“, изјави Ван Гал по поразот од Свонси.

Преодниот рок во Англија завршува во вторник во 18 часот, 18 часа по остатокот од Европа, а 24 од шпанскиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП