19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеришиќ потпиша со Интер

Перишиќ потпиша со Интер

perisic 33

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ е последното засилување за Интер во летниот преоден рок. Интер на Волфсбург му плати 19 милиони евра, а Перишиќ потпиша петгодишен договор.

Сагата околу трансферот на Перишиќ траеше речиси три месеци, бидејќи Волфсбург не сакаше да го намали обештетувањето за својот играч.

Перишиќ има 26 години, за Волфсбург постигнал 18 голови во Бундеслигата, а во кариерата има настапувано и за Клуб Бриж, односно Борусија Дортмунд.

Хрватскиот репрезентативец е 11-от нов играч во составот на Интер, претходно овој клуб потпиша договори со Реј Манај, Стеван Јоветиќ, Еванс Кондогбија, Џонатан Бијабијани, Жоао Миранда, Франческо Форте, Винченцо Томазоне, Џонатан Кондогбија и Џејсон Муриљо.

Интер новата сезона во Серија А ја започна со две победи, во кои сите три гола ги постигна Јоветиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП