
Манчестер Сити официјално го финализираше трансферот на белгискиот полудефанзивец Кевин де Бруин од тимот на Волфсбург.


Манчестер Сити официјално го финализираше трансферот на белгискиот полудефанзивец Кевин де Бруин од тимот на Волфсбург.
Се уште не е позната вредноста на договорот меѓу двата клуба, но според англиските медиуми „граѓаните“ ќе платат околу 80 милиони евра за неговите услуги. Договорот на 24-годишниот играч со англискиот тим истекува во 2021-ва година.
Ова е четврто ѕвездено засилување на „небесносините“ во текот на овој преоден рок, откако претходно во своите редови ги доведоа Рахим Стирлинг, Фабијан Делф и Николас Отаменди.

Де Бруин играше за Волфсбург близу една и пол година, а кај „волците“ пристигна од Челзи со трансфер за околу 23 милиони евра. Со тимот тој го освои Купот на Германија и Суперкупот на земјата.
Белгиецот беше избран и за играч на сезоната во Бундеслигата.