12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеко и Пјаниќ го срушија Јувентус

Џеко и Пјаниќ го срушија Јувентус

2BCFFE0E00000578-0-image-a-1_1440956465254

Фудбалерите на Рома славеа над Јувентус со 2:1 во големото дерби во Серија А и најавија дека оваа сезона во Италија ќе биде една од најинтересните во последните десет години.

Рома го надигра шампионот и заслужено победи, иако Јувентус во 92.минута имаше одлична шанса за израмнување на резултатот.

Репрезентативците на БиХ, Миралем Пјаниќ и Един Џеко ги постигнаа првите два гола на мечот, потоа Јувентус остана без Евра кој доби црвен картон, а во 88.минута Дибала го намали резултатот. Во 92.минута голманот Шчешни го спречи Бонучи да го израмни резулатот.

На другите натпревари Киево го декалсира Лацио со 4:0, Торино со пресврт славеше над Фиорентина со 3:1, Наполи иако водеше со 2:0 против Сампдорија на крајот освои само еден бод, додека Јоветиќ со два гола му донесе победа на Интер кај новајлијата во лигата Карпи.

Во второто коло настапија македонските интерлационалци Александар Трајковски и Горан Пандев. Трајковски ги одигра сите 90 минути во победата на Палермо над Удинезе од 1:0, додека Пандев за Џенова, која славеше над Верона со 2:0, играше до 55.минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП