20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико ја декласира Севилја

Атлетико ја декласира Севилја

_85277906_atletico

Фудбалерите на Атлетико Мадрид убедливо ја поразија Севилја со 3:0 во дерби мечот, одигран во рамките на второто коло во Примера. На овој меч својот прв гол во дресот на Атлетико го постигна Џексон Мартинез.

Атлетико максимално ја казни отворената игра на Севилја и на „Санчез Писхуан“ запиша убедлив триумф.

Севилја доминираше имаше повеќе удари кон голот на противникот, но домашните играчи немаа решение за одбраната на Атлетико и голманот Облак.

Блескаше кај Атлетико Антоан Гризман кој запиша две асистенции, најпрвин за Коке, потоа и за Габи кој со помош на одбраната на Севилја погоди од 30-тина метри, а третиот гол е дело на Џексон Мартинез.

Севилја на стартот од сезоната сеуште нема победа, додека Атлетико ја запиша и втората победа и со шест бода ќе ја пречека Барселона во наредното коло.

Два бода во првите две кола има освоено Валенсија, по ремито на стартот против Рајо Ваљекано, екипата на Еспирито Санто одигра нерешено и против Ла Коруња. Гостите на „Местаља“ први постигнаа гол преку Мартинез, а за Валенсија погоди Негредо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП