28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВтора победа на ЖРК Вардар на турнирот „Вардар 2015“

Втора победа на ЖРК Вардар на турнирот „Вардар 2015“

rakometarki-vardar

Ракометарките на Вардар се првите финалистки на Меѓународниот турнир „Вардар 2015“.

Вардарки, во вториот меч од А групата славеа над Подравка со 25:19, додека во натпреварот од Б групата Будуќност го победи Савахоф со 25:22.

Вардарки против Подравка запишаа рутинска победа, откако мечот го контролираа од првата до последната минута. Дамјановиќ со седум голови беше најефикасна на натпреварот.

Противник на Вардар во финалето ќе биде првопласираниот тим од Б групата, каде Будуќност веќе ги одигра двете средби, на кои забележа пораз и победа и има негативна гол разлика.

Во последното коло, во понеделник, во А групата ќе играат Подравка и Лајпциг, а во Б групата Савехоф и Ростов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП