20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси победи во Силверстон

Роси победи во Силверстон

valentino-rosi-silverston

Возачот на Јамаха, Валентино Роси, победи на трката за Големата награда на Велика Британија. На дождливата патека Роси ја забележа својата прва победа на патеката во Силверстон, четврта оваа сезона, а 112-та во кариерата.

Зад Роси, втор во целта влезе возачот на Прамак Дукати, Данило Петручи, кој го забележа најдобриот резултат во кариерата, додека трет беше Андреа Довициозо на Дукати.

Бранителот на титулата Марк Маркез не ја заврши трката, откако излета од патеката на осум круга до крајот, додека најголемиот конкурент на Роси тимскиот колега Хорхе Лоренцо беше четврти.

Инаку, Роси, седум пати во кариерата победувал во Велика Британија, но тогаш трките се возеа на Донингтон, откако Мото ГП се вози во Силверстон најдобриот резултат му беше третото место.

Во пресрет на последните шест трки во шампионатот Роси е лидер со 236 бодови, 12 повеќе од Лоренцо, додека Маркез е трет со 159.

Наредната трка ќе се вози во Сан Марино, на патеката „Марко Симончели“, на 13.септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП