15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРК Охрид први на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

РК Охрид први на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

миле-нешковск

Ракометниот клуб (РК) Охрид го освоија првото место на Меморијалниот машки ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Второто место го освои екипата на РК Радовиш, а како трета се пласира екипата на РК Пелистер од Битола.

Градоначалникот Марјан Ристески им го додели пехарот на најдобрите и им посака уште многу победи во сезоната.

За најдобар стрелец на Меморијалниот машки ракометен турнир „Миле Нешкоски“ беше прогласен Стефан Дрогишки од РК Пелистер, пехарот за најдобар играч му припадна на Јосип Кежиќ од РК Охрид, а за најдобар голман беше прогласен Милош Рајичиќ од РК Прилеп.

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ беше во организација на прилепскиот ракометен суперлигаш, РК Прилеп во чест на прерано починатиот ракометар и македонски ракометен репрезентативец, кој важеше за синоним на врвен ракометен спортист и ракометен работник.

IMG_9605

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП