4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПод истрага мечот Динамо - Скендербег

Под истрага мечот Динамо – Скендербег

di skender

Шпанскиот весник El Pais пишува дека УЕФА покренала истрага во врска со возвратниот меч во плејофот за пласман во Лигата на шампионите помеѓу Динамо Загреб и Скендербег.

Според истиот извор, Federbet (сојуз на највлијателните европски обложувалници) регистрирал невообичаено многу уплати дека албанскиот шампион ќе прими уште еден гол, и тоа веднаш по погодокот на Таравел со кој Динамо стигна до предност од 3:1.

Коефициентот дека Скендербег ќе прими гол две минути пред Судани да погоди за 4:1 изнесувал само 1,2, додека според Federbet тој требало да изнесува не помалку од 2,5.

Голот на Судани на обложувачите ширум Европа им донел заработка помеѓу пет и десет милиони евра.

Federbet работи за шпанската лига и УЕФА ја предупредува околу невообичаени промени на коефициенти на одредени натпревари. Поради работата на Federbet оваа пролет десетина лица беа уапсени поради местење на натпревари во италијанската Серија Б.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП