10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКик боксерите обезбедија три медалa на ЕП за јуниори

Кик боксерите обезбедија три медалa на ЕП за јуниори

kik boks mk

Македонските репрезентативци во кик бокс, кои учествуваат на Европското јуниорско првенство во Сан Себастијан, Шпанија обезбедија три медали. Хадис Рамадани, Бобан Илиоски и Марија Божиновска денеска ќе се борат за пласман во финалето во своите категории.

Хадис Рамадани, во категоријата до 67 килограми, во лоу кик, го победи Стефано Цанчели со 2:1.

Бобан Илиоски, во лоу кик, категорија до 71 килограм забележа победа над Наџад Пивнев од Русија со 3:0.

Најубедлива беше Марија Божиновска која за пласман во полуфиналето, во кик лајт во категоријата над 70 килограми ја победи Карен Галач од Хрватска.

Во полуфиналето Рамадани ќе се бори против Дамиен Пискореш од Полска, Илиоски за противник ќе го има Данило Ракитиќ од Србија, а Божиновска ќе се бори против Марија Липка од Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП