21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТурнир Вардар 2015: Вардар ќе игра за првото, Металург за петтото место

Турнир Вардар 2015: Вардар ќе игра за првото, Металург за петтото место

hc vardar 0202

Завршија натпреварите по групи на Меѓунардониот турнир „Вардар 2015“. Вардар и Кристијанштад ќе се борат за првото место, за третото ќе играат Чеховски медведи и Краснодар, а за петтото Металург и Нексе.

Двата дуела во А и Б групата од последното коло ги одредија позициите за тимовите во борбата за пласман. Во Б групата Кристијанштад славеше над Краснодар со 32:30, иако по 40 минути игра швадскиот шампион имаше предност од 24:15.

Кристијанштад ја потврди првата позиција во групата, второто место го освои Краснодар пред Металург поради подобрата гол разлика.

Во последниот меч од А групата Чеховски медведи и Нексе екипи кои претходно загубија од Вардар, одиграа без победник 24:24, но рускиот тим ќе се бори за третото место на турнирот поради подобрата гол разлика.

Натпреварите за пласман ќе се одиграат денеска, од 16 часот ќе играат Металург и Нексе, од 18 часот е рускиот двобој Краснодар-Чеховски медведи, а финалето помеѓу Вардар и Кристијанштад ќе стартува во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП