18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАстана ќе дебитира во ЛШ, БАТЕ го елиминира Партизан

Астана ќе дебитира во ЛШ, БАТЕ го елиминира Партизан

ls nova

ЦСКА Москва, Астана, БАТЕ Борисов, Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен ја комплетираа листата на учесници во фазата по групи во Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016.

Единствениот дебитан оваа сезона, Астана, казахстанскиот шампион во двомечот го елиминираше АПОЕЛ. Астана во првиот меч славеше со 1:0. Во ревашот кипарскиот тим израмни со голот на Штилиќ во 70-та минута, но младиот српски репрезентаивец Максимовиќ во 84-та минута го постави конечниот резултат.

Манчестер Јунајтед по победата од 3:1 во првиот меч, во реваншот го демолираше Клуб Бриж со 4:0. Блескаше Вејн Руни кој ги постигна првите три гола на мечот, а четвртиот е дело на Андер Ерера.

Баер во Леверкузен лесно се справи со Лацио и по поразот од 1:0 во Рим славеше со 3:0. Чалханоглу, Мехмеди и Белараби беа стрелци за германскиот тим кој трета сезона по ред ќе игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.

ЦСКА со неверојатен пресврт успеа да го елиминира Спортинг Лисабон. Португалците во Москва допатуваа со предност од 2:1 која ја удвостручија во првото полувреме со голот на Тео Гутиерез. Сепак ЦСКА во вториот успеа да ја стигне и престигне предноста на ривалот, два гола постигна Думбија, а третиот е дело на Муса.

Партизан во Белград одигра лош меч, на крајот победи, но во Лигата на шампиони оди БАТЕ Борисов. Белорусите поведоа со голот на Сташевич во 24-та минута, Партизан во вториот дел израмни во 75-та минута со авто голот на Жавнерчик, а во 93-та минута конечниот резултат го постави Шапоњиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП