21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП во атлетика: Болт и Гетлин во финалето на 200 метри

СП во атлетика: Болт и Гетлин во финалето на 200 метри

atlet bolt

Усеин Болт и Џастин Гетлин ќе имаат нова пресметка на Светското првенство во Пекинг и тоа во финалето на трката на 200 метри. Двајцата атлетичари кои во неделата се соочија во трката на 100 метри (победи Болт), лесно ги минаа полуфиналните трки.

Болт победи во својата група со резултат 19,95 секунди, но беше побавен од својот ривал кој до финалето стигна со време 19,87 секунди. Инаку Гетлин го има најдобриот резултат во светот оваа сезона на 200 метри, додека Болт е светски рекордер (19,19).

Покрај Гетлин и Болт пласман во финалето на 200 метри изборија Никел Ашмеаде (Јамајка), Жарнел Хјуз (Велика Британија), Алонсо Едвард (Панама), Рамил Гулиев (Турција), Анасо Јабодвана (Јужна Африка) и Феми Огуноде (Катар).

Финалната трка на 200 метри на програмата е в четврток од 14:55 по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП