19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА Европа: Македонија назадува по дебаклите со Шпанија

ФИБА Европа: Македонија назадува по дебаклите со Шпанија

mk spa 003

Македонската кошаркарска репрезентација назадуваше за дури осум позиции на ранг листата на ФИБА Европа, на која се наоѓаат само селекциите кои ќе учествуваат на Европското првенство (од 5-ти до 20-ти септември).

Причината за назадувањето од осум позиции на оваа листа се четирите порази во низа кои ги забележаа македонските кошаркари во подготвителниот период од Литванија (62:68), Турција (68-85) и двапати од Шпанија во Мадрид (94:63) и во Логроњо (88:54).

„Секоја репрезентација може да загуби од Шпанија, особено кога игра на теренот на противникот. Проблемот на Македонија е што по поразот од 31 поен разлика во првиот натпревар, во наредниот го загуби уште поубедливо со 34 поени“, се вели во образложението на интернет страницата на ФИБА Европа.

На листата која ја објави ФИБА Европа прва е Србија, пред Шпанија, Франција, Хрватска и Словенија, а потоа следуваат Литванија, Италија, Грција, Германија, Латвија, Украина, Грузија, Белгија, Полска, Турција, Финска, Естонија, Русија, Чешка, Израел, Исланд, Македонија, Босна и Херцеговина, Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП