21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрелџиќ ја засили Дарушафака

Прелџиќ ја засили Дарушафака

Preldzic

Досегашниот кошаркар на Фенербахче Улкер, Емир Прелџиќ, од наредната сезона ќе игра во тимот на Дарушавака. Оваа екипа доби „вајлд карта“ за учество во Евролигата и започна да ги засилува своите редови за да може да биде конкурнтен во елитната европска дивизија.

Прелџиќ е висок 206 сантиметри, може да игра на сите надворешни позиции, а во Фенербахче мина осум сезони. Прелџиќ е роден во Зеница пред 28 години, а минатата сезона во Евролигата имаше просек од 5,8 поени, 3,1 асистенција и 2,7 скока.

Прелџиќ е втор играч на Фенербахче, по центарот Огуз Саваш, кој во преодниот рок се пресели во Дарушафака. Екипата исто така досега се засили со Ерден Арслан, Милко Бјелица, Лук Харангоди и Реџи Рединг.

Дарушафака во Евролигата ќе се натпреварува во Д групата заедно со ЦСКА Москва, Бамберг, Динамо Сасари, Макаби и Уникаха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП