17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтојановски: Голем успех, се надевам на златен медал во иднина

Стојановски: Голем успех, се надевам на златен медал во иднина

a stojanovski

Андреј Стојановски, кој викендов освои сребрен медал на Светско првенство во пливање за лица со оштетен слух, денеска имаше прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС). 20-годишниот Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободен стил, оствари време 16:57.13 минути кое му беше доволно да го освои сребрениот медал.

Стојановски во понеделникот, пред пливачкиот базен „Борис Трајковски“, беше пречекан од семејството, пријателите, но и голем број вљубеници во спортот, кои му го честитаа големиот успех.

„Андреј е македонски спортски бисер, кој во континуитет постигнува високи спортски резултати во пливањето, кои се вреднувани од државата. Тој е носител на стипендија од АМС од светска категорија, а со овој резултат уште еднаш ја потврди и завери“, рече директорот на АМС, Марјан Спасески, кој информираше дека АМС во континуитет дава финансиска поддршка за меѓународните настапи на Андреј, а за учеството на овогодинешното Светско првенство, од буџетот на АМС беа издвоени 250.000 денари.

„Ова е огромен личен успех на Андреј, со кој се гордее цела Македонија. Тој е нашиот спортски херој“, заврши Спасески.

За големиот успех на Стојаноски, најзаслужен е неговиот тренер, Марјан Соколовски, кој согласно одредбите од законот за спорт ќе добие еднократна парична награда во висина од 40% од надоместокот кој ќе го зема спортистот за една година.

Младиот и скромен Андреј веќе 13 години активно тренира пливање, а во последниве неколку години постигнува и големи резултати. Тој не ја криеше радоста од постигнатиот успех.

„Беше тешко да се направи резултатот, но ова е голем успех за мене и верувам дека во иднина, во најмала рака ќе го повторам сребрениот медал, а се надевам и на злато“, порача Андреј Стојановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП