18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилевски со проверени сили по поволен резултат против Украина

Милевски со проверени сили по поволен резултат против Украина

bobi milevski

Благоја Милевски, селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, повика 23-ца фудбалери за престојните две средби на оваа селекција, квалификацискиот со Украина и пријателскиот со Австралија.

Македонската репрезентација, квалификациите за пласман на ЕП ги започнаа со пораз 3:0 на Исланд. Покрај овие две репрезентации, во Групата 3 се наоѓаат Франција, Северна Ирска, Шкотска и Украина која е следен противник на македонските млади фудбалери.

„Украина доаѓа од вториот квалификациски шешир, станува збор за квалитетна репрезентација која е составена претежно од играчи кои се стандардни во своите клубови во Украина, има неколкумина во Б тимот на Динамо Киев, додека капитенот игра во Баер Леверкузен. Јас можам да ветам дека сите кои се повикани ќе го дадат својот максимум. Се надевам дека формата на играчите ќе биде на повисоко ниво отколку што тоа беше на мечот со Исланд“, рече на прес-конференцијата селекторот Милевски.

Инаку, селекорот за мечот со Украина ги повика играчите кои и претходно конкурираа за место во тимот. Меѓу повиканите има еден дебитант, тоа е Мевљан Мурати од Шкупи и четворица повратници кои не играа против Исланд поради повреди, тоа се Дени Илиев, Енис Барди, Христијан Денковски и Даниел Аврамовски. На спискот се најде и Демир Имери кој повикот на селекторот го заслужил со своите игри во Хоризонт Турново.

За оваа кампања селекторот не ги повика Доријан Бабунски и Филип Пивковски.

„За жал, тие двајца не се во комбинација за овие натпревари поради тоа што и двајцата се во потрага по нова средина. Доријан треба да замине на тест период во Англија, додека со Пивковски ситуацијата е статус кво. Сите ние очекуваме час поскоро тие да најдат нови тимови и да ги имаме на располагање за следниот квалификациски меч со Северна Ирска во октомври“, објасни Милевски.

Првиот собир младите репрезентативци ќе го имаат на 31-ви август во 10:30 часот во хотелот „Александар Палас“.

Тренажниот процес на подоготовките на 31-ви август, односно 1-ви и 2-ри септември ќе се одвива во тренинг центарот на ФФМ со почеток во 17 часот, а на 3-ти септември во 16 часот, а на 4-ти септември во 10 часот.

Натпреварот од квалификациската Група 3 против Украина ќе се одигра на 5-ти септември, а два дена подоцна е пријателскиот меч со Австралија.

Списокот на Милевски за мечевите со Украина и Австралија:

Голмани: Дени Илиев (Арсенал), Игор Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Дамјан Шишковски (Работнички).

Одбрана: Ѓоко Зајков (Рен), Дарко Велковски (Вардар), Филип Ристовски (Метаург), Бесир Демири (Шкендија), Висар Муслиу (Ренова), Мевљан Мурати (Шкупи), Филип Петрески (Мелбурн), Леон Најдовски (Работнички)

Среден ред: Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт), Давид Бабунски (Барселона Б), Бурхан Мустафов (Пелистер), Даниел Аврамовски (ОФК Београд), Никола Кулески (ФК Сиднеј)

Напад: Марјан Радески (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Христијан Денковски (Гронинген), Демир Имери (Хоризонт Турново), Виктор Ангелов (Металург), Ваљмир Нафиу (Апоел).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП