5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите на Јувентус го пречекаа Квадрадо

Навивачите на Јувентус го пречекаа Квадрадо

huan kvadardo

Колумбискиот репрезентативец, Хуан Квадрадо, се враќа во италијанската Серија А, откако Челзи реши за оваа сезона да му го отстапи на Јувентус.

Квадрадо, кој не се снајде најдобро во англиското првенство по трансферот од Фиорентина, на аеродромот во Торино беше пречекан од навивачите на актуелниот италијански шампион.

„Не го очекував ова, но ова е одличен пречек кој ќе ми даде уште поголема мотивација“, рекол 27-годишниот фудбалер.

„Јувентус е голем тим, еден од најдобрите во Европа. Имаме сé што е потребно за да се бориме за титулата и се надевам дека ќе успееме да ја одбраниме“, дополнил Колумбиецот.

Квадрадо во дресот на Челзи одигра само 13 натпревари, од кои четири ги започна во стартната постава на Челзи. Играчот кој кариерата ја започна во Индепендиенте од Меделин од 2009-та година во Италија бил играч на Удинезе, Лече и Фиорентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП