Чилеанецот Едуардо Варгас (25) го напушти Наполи и се пресели во германската Бундеслига, во екипата на Хофенхајм. Трансферот на Варгас изнесува пет милиони евра, а тој со Хофенхајм потпиша четиригодишен договор.
Варгас во Наполи пристигна во 2012-та година од редовите на Универсидад де Чиле, но во италијанскиот тим никогаш не доби вистинска шанса. Наполи секоја сезона го испраќаше во други екипи: Гремио, Валенсија и Квинс Парк Ренџерс.
Ова лето Варгас му помогна на Чиле да ја освои првата титула на Копа Америка, каде со четири постигнати гола беше најдобриот стрелец, а беше избран и во идеалниот тим на Копа Америка.