27 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона одбила 190 милиони евра за Нејмар

Барселона одбила 190 милиони евра за Нејмар

nejmar 2

Челниците на Манчетсер Јунајтед подготвуваат понуда од неверојатни 190 милиони евра со кои ќе се обидат да го донесат на „Олд Трафорд“ Бразилецот од Барселона, Нејмар, пренесоа бразилскиот Golobo Esporte и американскиотI ESPN.

Дека Манчестер Јунајтед преговара со Барселона околу Нејмар први пренесоа англиските медиуми, а според најновите шпекулации клубот е подготвен да ја плати откупната клаузула која стои во договорот на Нејмар и која изнесува 190 милиони евра.

Според бразилските медиуми Манчестер Јунајтед понудил да ја плати оваа сума, но бил одбиен од страна на Барселона.

Нејмар има договор со европскиот првак до 2018-та година со откупна клаузула од 190 милиони евра, а Барселона веќе подготвува нов договор за својот играч, кој би бил со важност до 2020-та година и би имал откупна клаузула од 250 милиони евра.

Техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез, во неделата по мечот во Билбао изјавил дека по заминувањето на Педро во Челзи, клубот нема намера да продаде ниту еден играч од првиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП