26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник во дербито на „Емирејтс“

Без победник во дербито на „Емирејтс“

ars-liv

Фудбалерите на Арсенал и Ливерпул одиграа без победник 0:0 во последниот натпревар од третото коло во Премиерлигата.

Дуелот на „Емирејтс“ во Лондон донесе натпревар со одлично темпо, двата тима играа без калкулации, створија по неколку изгледни шанси за постигнување на гол, но голманите Петр Чех и Симон Мињоле беа на висина на своите задачи.

Ливерпул беше подбар тим во првото полувреме, Чех имаше една брилијантна одбрана кога го спречи Бентеке да постигне гол, додека Кутињо два пати ја погоди рамката од голот на Арсенал. Бразилецот еднаш биеше во гредата, а вториот пат во дирекот од голот на Чех.

Арсенал успеа да воспостави рамнотежа во второто полувреме и да ја контролира играта, но Мињоле излезе како победник при изгледните шанси на Рамзи, Жиру и Окслејд-Чембрлен, додека ударот на Алексис Санчез на почетокот на вториот дел заврши во дирекот од голот на Мињоле.

Инаку Арсенал беше оштетен на почетокот на натпреварот, бидејќи голот кој го постигна Ремзи беше поништен поради офсајд, но повторената снимка покажа дека играчот на ‘тобџиите’ беше во регуларна позиција.

По три одиграни натпревари Ливерпул има седум, а Арсенал четири бода. Во наредното коло Ливерпул ќе го пречека Вест Хем, додека Арсенал ќе гостува во Њукасл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП