8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРФМ ќе ги поскапува лиценците за странци од следната сезона

РФМ ќе ги поскапува лиценците за странци од следната сезона

rfm 002

Ракометната федерација на Македонија (РКФ) соопшти дека го прифатила барањето на пет прволигаши поскапувањето на лиценцата за странски играчи од 1000 на 1500 евра да се одложи за следната натпреварувачка сезона.

Управниот одбор на РФМ на редовна седница во саботата одлучи да го зголеми надоместокот за лиценца за странските играчи во ракометните клубови во Македонија од оваа сезона.

На ова одлука првин реагираше Вардар, а подоцна и РК Макс Струмица”, „РК Прилеп 2010”, „РК Пелистер Битола” и „РК Охрид 2013”, кои побараа ревидирање на одлуката, односно нејзино стапување на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017.

„Земајќи го предвид барањето од горе-наведените клубови, податокот што буџетите за натпреварувачката сезона 2015/2016 се дефинирани и затворени, како и реакцијата на РК Вардар испратена до медиумите, раководството на РФМ се согласи одлуката за покачување на надоместокот за странски играчи во ракометните клубови во Македонија на 1500 евра да стапи на сила од натпреварувачката сезона 2016/2017“, се вели во соопштението.

Притоа се напоменува дека РФМ е отворена за дијалог со сите ракометни клубови во Република Македонија на сите релевантни ракометни теми и очекува таквата комуникација да биде двонасочна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП