5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМТВ ќе го пренесува реванш мечот Рубин-Работнички

МТВ ќе го пренесува реванш мечот Рубин-Работнички

rab-rubin

Македонската телевизија ќе врши директен пренос од реванш мечот од плејофот за Лига Европа помеѓу рускиот претставник Рубин и македонската екипа Работнички.

Ова ќе биде првпат во оваа сезона фудбалерите на Работнички, кои постигнаа голем успех со пласманот во четвртата рунда од квалификациите, да бидат пренесувани на некоја наша телевизија.

Веста на социјалните мрежи ја објави уредникот на спортската редакција на МТВ, Тони Стојановски.

Според него, македонскиот клуб бил тој кој што не сакал да има преноси од европските натпревари што ги играше на арената Филип Втори.

„Кога се преговара со професионални клубови, федерации или агенции, МТВ нема проблем да обезбеди пренос. Рубин Казан експресно одговори на нашата понуда, влеговме во преговори и се договоривме“, наведе Стојановски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП