20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДаниловиќ поднесе оставка, КК Партизан остана без претседател

Даниловиќ поднесе оставка, КК Партизан остана без претседател

danilovic 33

Претседателот на кошаркарскиот клуб Партизан, Предраг Даниловиќ, денеска поднесе неотповиклива оставка на функцијата. Даниловиќ оставката ја поднесе на седницата на Собранието на клубот, на која еден член на Собранието на Партизан побарал оставка и од тренерот Душко Вујошевиќ.

„Поднесов неотповиклива оставка. Партизан беше и остана мој живот. Јас лично ја превземам одговорноста за се“, рекол Даниловиќ, алудирајќи на тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот, поради што Партизан се откажа од настапот во Еврокупот во наредната сезона.

„За овие 15 години направивме многу врвни работи, но во последните две години клубот се најде во финансиски проблеми – постојат разни причини, не е само еден човек виновен за тоа. Правевме потези кои не беа популарни и паметни и поради тоа дојдовме во ваква ситуација, по 15 години во кои постигнувавме врвни резултати. Направивме од Партизан бренд, се обидувавме играчите кои доаѓаат во Партизан да бидат добри луѓе и уште подобри играчи. Повеќе не можам на Партизан да му помогнам онака како што тоа го правев во изминатите 15 години. Ги потрошив своите кредити за Партизан и не жалам-да се дам тука само поради функцијата нема никава логика“, рече Даниловиќ на прес конференцијата во Белград.

Тој дополнил дека на чело на клубот во наредниот период ќе застане петчлена работна група. Работната група ќе траба да закаже ново изборно Собрание, на кое ќе биде избран нов претседател.

Даниловиќ кусо проговорил и за тренерот Душко Вујошевиќ од кого еден од членовите на Собранието побара да си замине од клубот.

„Го сакам Дуле (Вујошевиќ) но….ја мина секоја граница со своите настапи во јавноста. Јас му го дозволив тоа, но не успеав да го исконтролирам“, вели Даниловиќ.

Досегашниот претседател на Партизан истакнал дека клубот должи пет милиони евра, а дека најголем побарувач е Марфин банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП