15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКосиак и Рудол победници на „Скопје Сателит 2015“

Косиак и Рудол победници на „Скопје Сателит 2015“

o pesok

Одбојкарската двојка Косиак/Рудол од Полска триумфираше на шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „Сателит Скопје 2015“ во машка конкуренција. Турнирот се играше на терените на Градската плажа „Парк“ во Скопје од 19-ти до 23-ти август. На второто место се пласираше двојката Коцилианос/Зупанис од Грција, а третото место го освои одбојкарската двојка Коекелкорен/Ван Вале од Белгија.

„Ми претставува големо задоволство што во Скопје и во Република Македонија за првпат се одржува одбојкарски турнир од толку висок ранг. Овој турнир годинава за првпат се најде на европската мапа за одбојка на плажа и влезе во календарот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), како сателит турнир. Сакам да се заблагодарам на Одбојкарската федерација на Македонија за одличната организација, како и на спонзорите од Македонски телеком, Скопска пивара, Систина и секако, на Црвениот крст на Град Скопје. Се надевам дека следната година ќе имаме чест да организираме сателит турнир во одбојка на песок и во женска конкуренција“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски на церемонијата за доделување на медалите.

Меѓународниот турнир во одбојка на песок „Сателит Скопје 2015“ се играше пред полни трибини. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 8.000 евра.

Градот Скопје финансиски ја поддржа организацијата на ова големо спортско случување со 800.000 денари и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија.

На турнирот, во изминатите четири дена, учествуваа 20 одбојкарски двојки од Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Англија, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Летонија, Норвешка, Полска, Русија, Сан Марино, Србија, Швајцарија, Турција и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП