4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Милионерите“ објавија раст на приходите

„Милионерите“ објавија раст на приходите

bd 00

Борусија Дортмунд забележа раст на приходите за сезоната 2014-15 и покрај слабите спортски резултати. Сумата е 276 милиони евра, што е за околу 15 милиони евра повеќе во однос на претходната година.

Профитот на „жолто-црните“ се зголемила од 49.1 милиони на 55.6 милиони евра.

„Успеавме да направиме пристојна година и покрај ужасните резултати“, изјави извршниот директор на Борусија Ханс-Јоаким Вацке.

„Кога немаш повеќе обврски и имаш околу 50 милиони евра во банката, не треба да се натпреварувате со банката кој има повеќе пари. Во овој случај треба да направиш подобрувања. Тоа значи дека сакаме да го зголемиме буџетот за наредните години“, додаде тој.

Вацке истакна дека Борусија никогаш повеќе нема да има ниту едно евро долг.

По тешката криза од 2005-та година, Борусија „воскресна“ и веќе е вториот најбогат клуб во Германија по Баерн, чиј промет е околу 500 милиони евра.

Минатата сезона „жолто-црните“ испаднаа порано од Лигата на шампионите, а потоа не успеаа да се квалификуваат за најсилниот европски клупски турнир. Околу Нова година тие беа загрозени и од испаѓање во Втора Бундеслига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП