25 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКенеди петти Бразилец во Челзи

Кенеди петти Бразилец во Челзи

kenedi celzi

Англискиот шампион Челзи соопшти дека потпишал повеќегодишен договор со младинскиот репрезентативец на Бразил, Кенеди. Кенеди има 19 години, игра во нападот, а во Лондон доаѓа од Флуминенсе.

Челзи не објави колку пари клубот издвоил за трансферот на Кенеди, но англиските медиуми шпекулираат дека се работи за сума од 6,3 милиони фунти.

„Возбуден сум што добив ваква шанса. Среќен сум што ќе играм за Челзи и се надевам дека ќе станам важен играч за тимот“, рекол Кенеди.

Бразилецот го носеше дресот на Челзи во претсезонските натпревари во САД и успеал да ги задоволи критериумите на менаџерот Мурињо.

Кенеди ќе биде петтиот Бразилец во Челзи покрај Рамиреш, Оскар, Вилијан и Нејтан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар