27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса славеше на „Сан Мамеш“, кикс на Реал во Хихон

Барса славеше на „Сан Мамеш“, кикс на Реал во Хихон

sua

Барселона со победа ја започна сезоната во Примера, во која ја брани шампионската титула, додека Реал со новиот тренер Рафа Бенитез освои само бод во Хихон кај Спортинг.

Барса славеше на „Сан Мамеш“ со 1:0 со голот на Луис Суарез. На овој начин Барселона се рехабилитираше од поразот во Суперкупот од истиот противник пред една недела и со три бода ја започна сезоната.

Триумфот на Барса можеше да биде и поубедлив но Меси во првто полувреме не реализираше пенал.

Победата му донесе многу грижи на тренерот на Каталонците Луис Енрике бидејќи поради повреда го замени Дани Алвеш, а Серхио Бутскетс на носилки беше изнесен од теренот и според шпанските медиуми му престои подолга пауза.

За разлика од Барселона, Реал се сопна на првиот чекор со новиот тренер во Хихон ‘кралскиот клуб’ освои само еден бод.

Иако Реал константно напаѓаше, играта не донесе резултат. Во еден динамичен меч и двата тима пропуштија шанси за победа. Поблиску до победа беше Спортинг, ударот на Санабрија во првиот дел заврши во гредата од голот на Реал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП