24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерија А: Кикс на Јувентус, пораз на Милан

Серија А: Кикс на Јувентус, пораз на Милан

udi

Актуелниот шампион на Италија, Јувентус, со пораз ја започна одбраната на титулата. Јуве загуби од Удинезе и ја прекина серијата од 43 натпревари без пораз на домашен терен. Исто така Јувентус е првиот тим , по Сампдорија во 90-те години од минатиот век, кој одбраната на тиутлата ја започнал со пораз.

‘Старата дама’ во првиот меч од новата сезона го пречека Удинезе и загуби и покрај добрата игра. Единствениот гол го постигна Сирил Тили во 79.минута.

Дербито на првото коло, во Фиренца, и припадна на Фиорентина која со 2:0 славеше над Милан. Екипата од Милано речиси еден час играше со играч помалку.

Интер среќно ги освои бодовите против Аталанта, која од 70.минута играше со 10 фудбалери. Стеван Јоветиќ го постигна единствениот гол на натпреварот во 93.минута.

Во ‘македонското’ дерби Трајковски со Палермо славеше минимално со 1:0 над Џенова на Пандев.

 

Резултаи:

Емполи-Киево 1:3

Палермо-Џенова 1:0

Јувентус-Удинезе 0:1

Сампдорија-Карпи 5:2

Сасуоло-Наполи 2:1

Фиорентина-Милан 2:0

Фросиноне-Торино 1:2

Интер-Аталанта 1:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП