18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорнмут испиша историја на „Аптон Парк“

Борнмут испиша историја на „Аптон Парк“

born

Фудбалерите на Борнмут ја забележаа историската прва победа во англиската Премиерлига. Дебитантот во елитната англиска дивизија, по поразите во водните две кола, во третото славеше над Вест Хем во Лондон со 4:3.

Вест Хем и Борнмут одиграа драматичен меч на „Аптон Парк“ во Лондон, кој го одбележа гостинскиот напаѓач Калум Вилсон кој постигна ‘хет-трик’.

Вилсон во првото полувреме постигна два гола и му донесе голема предност на Борнмут. Сепак во вториот дел, односно во воведните седум минути Вест Хем стигна до израмнивање, стрелци на головите беа Нобл од пенал и Кујате.

Пуг во 66.минута му донесе нова предност на Борнмут, а потоа Волсон од пенал зголеми на 2:4. Конечниот резултат го постави Маига во 82.минута.

Кристал Палас ја забележа втората победа во новата сезона, откако на домашен терен славеше над Астон Вила со 2:1. Дан го постигна првиот гол за Кристал Палас, израмни Суаре со авто гол, а трите бода на домашниот тим му ги донесе Сако во 88.минута.

Норич и Стоук освоија по бод, мечот заврши 1:1, а ист резултат беше и на дуелите Сандерленд-Свонси и Лестер-Тотенхем.

Сандерленд против Свонси го освои првиот бод во првенството, додека екипата од Велс сеуште нема пораз (победа и два ремија). Изненадувачки Тотенхем е сеуште без победа по три кола, иако кај Лестер водеа со голот на 19-годишниот дебитант Али постигнат во 81.минута. Бод на Лестер му донесе брилијантниот Алжирец Марез кој во 83.минута го совлада Лорис.

Лестер по три кола има своено седум бодови, што е најдобар старт на тимот во Премиерлигата.

Во првиот меч од саботната програма Манчестер Јунајтед и Њукасл одиграа 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП