1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтпуштен целиот тим по поразот од 2:42

Отпуштен целиот тим по поразот од 2:42

topka fudbal

Властите на австрискиот град Медлинг решиле да го укинат фудбалскиот клуб по резултатскиот дебакл од 2:42 против Унтервалтерсдорф.

„Поради негативните написи во медиумите и неверојатниот пораз, градските власти решија да ги избришат сите термини за тренинзи на градскиот стадион. Првиот тим и резервната екипа ќе мора да престанат со својата работа“, изјавил за локалниот весник „Ноен“ Михаел Каника претседателот на клубот.

Градскиот секретар за спорт Роберт Мајер рекол дека не е првпат тимот да забележи ваков дебакл и поради тоа градот бил принуден да преземе радикални мерки. СЦ Медлинг и претходно во првенството губел со двоцифрена разлика.

„По дебаклот од 2:42 градот реши да преземе радикални мерки. Не заборавајте, клубот го носи името на градот. СЦ Медилинг требаше да го рекламира градот, но кога дури и во Јужна Америка весниците шеговито пишуваат за Медлинг решивме да преземем нешто“, рекол Мајер.

Тој нагласил дека казнената мерка е само привремена, односно дека ќе трае една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП