
Андреј Стојановски постигна голем успех на Светското првенство во пливање за глуви кое се одржува во Сан Антонио, САД.


Андреј Стојановски постигна голем успех на Светското првенство во пливање за глуви кое се одржува во Сан Антонио, САД.
Стојановски во дисциплината 1.500 метри слободен стил оствари време 16:57.13 минути и го освои сребрениот медал.
Стојановски, кој е член на пливачкиот клуб Бета, на Светското првенство изминатите денови учествуваше во уште три финални трки. На 400 метри делфин тој заврши на петтото место, додека на 400 и 200 метри слободно го освои седмото, односно осмото место.