3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознат составот на Шпанија за Евробаскетот

Познат составот на Шпанија за Евробаскетот

pol gasol

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серџо Скариоло, го соопшти конечниот список од 12 играчи кои ќе настапат на Европското првенство.

Шпанија во првата фаза ќе настапи во Б групата, во Берлин, а противници ќе ѝ бидат националните тимови на Србија, Германија, Италија, Турција и Исланд.

Последен од списокот на Скариоло отпадна Чави Рабаседу, а вчера поради повреда на стапалото го и напушти Алекс Абринес.

Шпанија на Евробаскетот ќе ја преставуваат: Серхио Родригез, Серхио Љуљ, Гиљем Вивес, Пау Рибас, Руди Фернандез, Фернандо Сан Еметерио, Виктор Клавер, Пабло Агилар, Никола Миротиќ, Фелипе Рејес, Пау Гасол и Вили Ернангомес.

Скариоло уште пред почетокот на подоготовките остана без проверените искусни играчи: Рики Рубио, Марк Гасол, Хозе Калдерон и Хуан Карлос Наваро.

Шпанската репрезентација следниот подготвителен натпревар ќе го одигра в сабота на домашен терен против селекцијата на Македонија. Покрај овој, Шпанија и Македонија ќе одиграат контролен меч и на 25-ти август.

Европското првенство ќе се одржува од 5-ти до 20-ти септември, а Шпанија во првото коло ќе игра против Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП