27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев не е подготвен за враќање во репрезентацијата

Пандев не е подготвен за враќање во репрезентацијата

pandev 00

Горан Пандев нема да го има својот кам бек во фудбалската репрезентација на Македонија за престојните мечеви во квалификациите против Луксенбург и Шпанија.

Селекторот Љубинко Друловиќ и првиот оперативец на репрезентацијата Саша Чириќ информираа дека разговарале со Пандев кој го одбил повикот со образложение дека најпрвин сака да избори место во својот нов тим Џенова и дека сé уште не бил психички подготвен за враќање во репрезентацијата.

„Кога станува збор за Пандев нема промени во однос на минатиот пат. Му кажав дека за него вратите на репрезентацијата секогаш се отворени, сега и разговорите му ги препуштив на техничкиот директор Саша Чириќ кој има одлични односни со него, но и тој го доби истиот одговор кој го добив и јас кога разговаравме минатиот пат. Тој сеуште не е подготвен да се врати, тука ништо не зависи од нас се останува на него. Ќе повторам доколку сака да помогне вратите на националниот тим му се отворени“, рече селекторот Друловиќ.

„Последен пат разговарав со него на 11-ти. Тој кажа дека не е доволно физички, а веројатно и психички подготвен. Во последната порака ми напиша дека прво сака да се избори за своето место во тимот на Џенова за после да може да се сконцентрира на настапите во репрезентацијата. Значи пишува дека во иднина би можел да настапува, но за овие два натпревари побара да го оставиме да се посвети на подготвките на Џенова и ние решивме да го испочитуваме тоа“, рече техничкиот директор на фудбалската репрезентација Саша Чириќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП