18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлучајот Матиќ талка низ лавиринтите на ФИФА

Случајот Матиќ талка низ лавиринтите на ФИФА

matic-uros-nac

Урош Матиќ, помалдиот брат на познатиот српски репрезентативец и играч на Челзи, Немања Матиќ, сé уште ја чека дозволата од ФИФА за да може да настапува за фудбалската репрезентација на Македонија.

Техничкиот директор на македонскиот национален тим, Саша Чириќ, одговарајќи на новинарско прашање изрази надеж дека ФИФА наредната недела би можел да испрати позитивен одговор во врска со „случајот Матиќ“.

„Интензивно работиме на откривање на талентирани фудбалери кои имаат македонско потекло. Во моментов работиме на случајот Матиќ меѓутоа заглавивме со процедуралните работи, односно ФИФА ја закочи целата таа работа. Настојуваме случајот со Матиќ да го затвориме пред овие два дуели, не успеавме барем засега. Поради тоа и оставивме простор во списокот, евентуално доколку наредната недела успееме да ги завршиме сите процедури во ФИФА, односно доколку комисијата на ФИФА ни даде зелено светло, тогаш и Матиќ ќе ѝ се приклучи на репрезентацијата“, рече Чириќ.

Првиот оперативец на националниот тим на прес-конференцијата на која селекторот Друловиќ го соопшти списокот со играчи за мечевите со Луксембург и Шпанија рече дека на неговиот „радар“ има уште неколку имиња кои се интересни за македонската репрезентација.

„Мора да го споменам голманот Дејвид Нилсон Митов кој настапува за Норчепинг и кој веќе четири години е член на шведската репрезентација и е стандарден во екипата на Норчепинг. Меѓутоа, и тој случај се наоѓа пред комисијата на ФИФА и очекуваме дека наредната недела комисијата на ФИФА да се состане и, ако ништо друго, позитивно да ни одговори“, рече Чириќ.

Околу 50 фудбалски имиња на играчи кои имаат македонско потекло во моментов се наоѓаат во списокот на Чириќ, во меѓувреме завршена е процедурата за Ѓорѓов кој доби дозвола за настап во македонските селекции.

„Реален проблем е дека кога ќе наидеме на добар и квалитетен играч се појават и националната федерација за кој тој настапува и ја блокира процедурата. Таков е примерот со Никола Ѓорѓев кој настапува за У 19 на Швајцарија, има само 17 години и игра за првиот тим на Грасхоперс, но Швајцарците со сите сили се обидуваат да го задржат. Успеавме да придобиеме еден 16-годишен играч Ѓорѓов од Борусија Дортмунд кој во малдите генерации настапувал за Австралија, тој веќе беше присутен на Кипар во селекцијата на Вујадин Станојковиќ“, рече Чириќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП