1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi создава спортски бренд

Audi создава спортски бренд

sportski bredn audi

Компанијата ќе го следи примерот на главните конкуренти „BMW“ и „Mercedes-Benz“

„Audi“ планира да воведе препознавање на спортските модели кои се нудат со додаток „RS“ кон името. За таа цел германскиот производител ќе го прошири својот асортиман и ќе ги продава автомобилите под посебен бренд.

На сличен начин функционира „BMW“ каде спортските машини се нудат од „М“ делот, како и „Mercedes-Benz“. Нивните спортски модели се дело на единицата „AMG“.

Во „Audi“ исто така имаат посебен оддел – „quattro“, но тој во никој случај не се асоцира со „RS“. Затоа и во Инголштат ќе создадат нова единица – „Audi Sport“. Овој бренд е веќе добро познат во автомобилскиот спорт, но во иднина ќе нудат и „граѓански“ автомобили. Неговото отстранување и наметнување на пазарот веќе започна во некои земји, како што е Австралија, на пример.

Под брендот „Audi Sport“ ќе бидат групирани практично сите „RS“ модели на компанијата – од „Audi RS 3 Sportback“ и „RS Q3“ до суперавтомобилот „Audi R8“. Предвидено е нивниот број да порасне во следните неколку години.

Сите спортски верзии ќе бидат одделени во посебни дилерски центри. Сопствениците на таквите автомобили на „Audi“ ќе добиваат посебни услови при услуга, како и право да учествуваат во спортски настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП