9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеј Ар Смит останува во Кливленд

Џеј Ар Смит останува во Кливленд

dje ar smit

Искусниот бек шутер, Џеј Ар Смит, соопшти дека ќе остане во Кливленд уште две години.

Смит ја искористи опцијата да излезе од договорот за наредната сезона, кој му гарантираше 6,4 милиони долари, а новиот договор ќе му донесе повеќе од 10 милиони долари бидејќи не успеа да добие подобра понуда од некој друг клуб.

Џеј Ар Смит го задржа правото наредното лето да стане слободен играч, а новиот колективен договор му овозможува и право на вето, што значи дека клубот нема да може да го трејдува во некој друг тим во текот на сезоната.

Истата опција како Смит ја искористија и останатите играчи кои летово ги продолжија договорите со Кливленд. Леброн Џејмс, Џејмс Џонс и Метју Делаведова.

Смит во Кливленд пристигна во текот на минатата сезона во трејдот со Њујорк Никс. По доаѓањето на Смит, Кливленд оствари скор од 34 победи и 13 порази, го освои второто место во Источната конференција, а подоцна преку Атланта стигна и до големото финале во НБА лигата. Токму Смит беше клучниот играч на Кливленд во финалната серија на Истокот против Атланта.

Во финалето на Истокот бекот шутер во просек по натпревар имаше учинок од 18 поени и 7,5 скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП