30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСинсинати: Ѓоковиќ и Марej низ пекол до четвртфиналето

Синсинати: Ѓоковиќ и Марej низ пекол до четвртфиналето

kole nole

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј вложија многу труд во осминафиналето на Мастерсот во Синсинати, Мареј спасуваше, и меч топки пред да слават победи над Давид Гофан односно Григор Димтров. За разлика од првите двајца носители, третиот носител Роџер Федерер го збриша од теренот Кевин Андерсон, додека Рафаел Надал загуби од сонародникот Фелисијано Лопез.

Новак Ѓоковиќ против Гофан го доби првиот сет со 6:4, вториот го загуби со 2:6, а во третиот имаше негатива од 0:3 но успеа да го добие со 6:3 и да избори четвртфинален меч со Стен Вавринка. Швајцарецот не блескаше но успеа во три тај брејка да слави над Иво Карловиќ.

Григор Димитров кој сезонава игра во лоша форма беше на чекор до триумф над Енди Мареј, но Бугаринот како да се уплаши од победата и му дозволи на Британецот да слави. Бугаринот го доби првиот сет со 6:4, во вториот имаше предност од два брејка и водство од 4:1, но му дозволи на Мареј да се врати во мечот и да го освои сетот со 6:7. И во третиот сет Димитров имаше предност од два брејка, при резултат 5:3 дури и сервираше за победа, но со серија на грешки го врати противникот во игра и го загуби мечот.

Мареј во наредната рунда ќе игра против Ришар Гаске кој во два сета со 7:5, 6:3 славеше над Марин Чилиќ.

Роџер Федерер без никакви проблеми мина во четвртфиналето, Швајцарецот за помалку од еден час игра го декласираше Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6:1, 6:1.

Федерер за пласман во полуфиналето ќе игра со Фелисијано Лопез, Шпанецот во три сета беше подобар од сонародникот Рафа Надал 5:7, 6:4, 7:6.

Последната четвртфинална двојка ја формираа Томаш Бердих и Александар Долгополов. Бердих го декалсираше Томи Робредо со 6:1, 6:0, Шпанецот во целиот меч освои само 20 поени, додека Долгополов по голема борба славеше над Јержи Јанович (6:3, 3:6, 6:4).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП