21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПедро пристигна на „Стенфорд Бриџ“

Педро пристигна на „Стенфорд Бриџ“

pedro-trains00001

Англискиот шампион Челзи денеска  го потврди трансферот на Педро Родригез од Барселона. Трансферот на Педро „тежи“ 30 милиони евра од кои три милиона евра отпаѓаат на бонусите кои се вметнати во договорот.

„Среќен сум што дојдов тука. Возбуден сум и со нетрпение чекам да ја започнам својата авантура во Челзи. Тука дојдов за да продолжам да освојувам трофеи“, порача Педро.

Од крилниот напаѓач на својот Twitter профил се прости и Барселона.

„Клубот му заблагодарува на Педро за професионалноста и посветеноста кон тимот. Му посакуваме сé најдобро во идната кариера“.

Инаку Педро од почетокот на преодниот рок се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но во вторникот тој ја сменил одлуката и решил да се пресели во Лондон. Според англиските медиуми, врз неговата одлука влијаеле телефонските разговори што ги имал со поранешниот соиграч од Барселона, Цеск Фабрегас и менаџерот на „сините“, Жозе Мурињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП