3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија остана и без Алекс Абринес

Шпанија остана и без Алекс Абринес

abrines 303

Кошаркарот на Барселона Алекс Абринес нема да настапи на Европското првенство поради повреда на стапалото, соопшти Кошаркарската федерација на Шпанија.

Абринес минатата сезона, во Евролигата, во просек по натпревар имаше учинок од 7,6 поени, 1,3 асистенции и 1,5 скока.

Откажувањето на Абринес му создава дополнителни проблеми на селекторот Серџо Скариоло кој претходно од разни причини остана без Марк Гасол, Хуан Карлос Наваро, Рики Рубио и Хозе Калдерон.

Шпанија на Евробаскетот, кој започнува на 5.септември, ќе се натпреварува во Б групата во Берлина заедно со селекциите на Србија, Италија, Германија, Турција и Исланд.

Инаку во подготвителниот период следен противник на Шпанија ќе и биде македонската селекција, двете репрезентации во периодот од 22-ри до 25-ти август ќе одиграат два натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП