26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите во La Liga нема да одмараат ниту за Нова година

Фудбалерите во La Liga нема да одмараат ниту за Нова година

la liga 00

Фудбалерите кои настапуваат во елитната шпанска лига оваа година ќе останат без традиционалниот новогодишен одмор. Имено, раководството на La Liga одлучило да ги прифати сугестиите на селекторот Дел Боске и направи измени во натпреварувачкиот календар.

Според новиот календар сезоната 2015/2016 ќе заврши на 15-ти мај, а не како што првично беше планирано на 22-ри мај. Дел Боске сугерираше дека нема да има доволно време за подготовки на репрезентацијата бидејќи Европското првенство ќе започне на 10-ти јуни.

Новиот календар носи натпревари и на 31-ви декември, поточно 17-то коло во La Liga ќе се игра на 30-ти и 31-ви декември што претходно никогаш не се случило.

Натпреварувачкиот календар е сменет минатата недела, а една од причините за промената е и настапот на Барселона на Светското првенство за клубови кое традиционално се игра во декември.

Исто така, La Liga го промени и терминот за одигрувањето на финалниот меч во Купот на Кралот, овој натпревар ќе се игра на 21-ви мај, а не на 28-ми мај како што првично беше планирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП