15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијализиран трансферот на Отаменди во Манчестер Сити

Официјализиран трансферот на Отаменди во Манчестер Сити

otamendi 00

Аргентинскиот дефанзивец Николас Отаменди го официјализираше трансферот во Манчестер Сити. Отаменди (27) со „граѓаните“ потпиша петгодишен договор, а неговиот поранешен клуб Валенсија како обештетување доби 45 милиони евра.

Отаменди е трет фудбалер кој во преодниот рок пристигна во Сити, претходно договори со клубот потпишаа Рахим Стерлинг и Фабијан Делф. За услугите на овие тројца фудбалери раководството на клубот издвои повеќе од 100 милиони евра.

„Отаменди минатата сезона беше најдобар дефанзивец во Примера и секако дека сум воодушевен што донесовме играч од таков калибар. Тој е репрезентативец на една од најсилните светски селекции. Ги има сите квалитети за да биде успешен и во Премиерлигата, добар е во дуел играта, физички е силен и располага со одлична техника“, изјавил менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини.

Отаменди ја зголеми аргентинската колонија во синиот дел на Манчестер, покрај него членови на клубот се Серхио Кун Агуеро, Пабло Забалета и Мартин Демикелис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП