15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед извиси, Педро го одбра Челзи

Јунајтед извиси, Педро го одбра Челзи

pedro 00

Фудбалерот на Барселона Педро се наоѓа пред трансфер во Челзи, тој во текот на денот треба да ги мине медицинските тестови по што ќе го парафира договорот со англискиот првак, тврди весникот Marca на својата интернет страница.

Според истиот извор, Педро во вторникот се договорил со Челзи околу трансферот кој ќе  изнесува околу 30 милиони евра. Барселона му дозволила на крилниот напаѓач да отпатува во Лондон, што значи дека трансферот е завршена работа.

Претходно како најголем фаворит за потписот на Педро фигурираше Манчестер Јунајтед, но менаџерот на Јунајтед понудил помалку пари од Челзи, односно околу 25 милиони евра.

Педро ги има поминато сите младински категории на Барселона, а дебито за првиот тим го имаше во 2008-ма година. За Барселона тој има одиграно 318 натпревари, на кои постигнал 98 голови.

Со каталонскиот гигант пет пати бил шпански, а трипати европски шампион, а уште има освоено и четири титули во Суперкупот, три во Купот на Кралот и три на Светското првенство за клубови.

Со фудбалската репрезентација на Шпанија има светска и европска титула, а на 51 натпревар постигнал 16 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП